Бизнис
21. December 2016 - 19:46

60 милиони евра европски пари за располагање на земјоделците

Првиот повик од ИПАРД 2 програмата ќе биде објавен на почетокот од јануари следната година.  Преку него  за поддршка на земјодеството  и руралниот развој во земјата на располагање стојат 60 милиони евра европски пари.

За разлика од ИПАРД 1, оваа програма нуди повеќе новини, но и многу поедноставена постапка за аплицирање.

Со програмата ќе бидат активни три мерки, една која се однесува  преработувачите, друга за финансирање мали бизниси во руралните средини и мерка наменета за примарните произвдители  со која за разликаод претходно се опфатени и полјоделците и одгедувачите на фуражни култури и каде кофинасирањето е зголемено во однос на минатата  програма.

-Се зголемува стапката на кофинансирање во првата мерка што е особено значајно за примарните земјоделски производители. Минималната стапка на кофинасирање ќе изнесува 60% , значи доколку се вложат  10 000 евра, 6000 евра ќе се вратат кон барателот, тоа е минимална стапка. За  млад земјоделец  е 65%, а за земјоделците кои што своето производство го имаат во подрачја со ограничени можности до 70% може да изнесува стапката на кофинасирање.  Во критериумите кои треба барателите да ги исполнуваат  исто така има многу олеснувања, вели Виктор Младеновски од секторот за управување со ИПАРД.

Програмата предвидува и голем број нови типови инвестиции, особено  во делот на заштитата на животната средина и користењето на енергијата од обновливите извори.

Пријавувањето за искористување на средствата од ИПАРД 2 програматаќе трае 45 дена по објавувањето на конкурсот.