Македонија
4. July 2021 - 10:20

56 санкционирани возачи на мотоцикли во Скопје

Во текот на вчерашниот ден (03.07.2021) спроведена е  акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 56 возачи. Од нив, 25 возеле без возачка дозвола, 23 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.