Балкан
7. јуни 2016 - 11:14

54-годишен маж киднапирал две осмоодделенки

Вистинска драма се одвивала во Књажевац утринава. 54-годишен маж се обидел да киднапира две мали девојчиња. Се работи за М.Џ. кој според податоците од српските медиуми, киднапирал две девојчиња кои се осмо одделение.
 
Монструмот со својата кошула им ги врзал рацете, им ги земал мобилните телефони, по што им се заканувал дека ќе ги продаде.
 
По повеќечасовна потрага, полицијата ги пронајде девојчињата и стави лисици на рацете на монструмот. 
 
Повеќе детали се најавуваат за подоцна.