Балкан
25. February 2021 - 17:30

5.000 дози од руската вакцина пристигнаа во Црна Гора

Контингент од 5.000 дози на руската вакцина Спутник V пристигна денеска на аеродромот во Подгорица, соопшти црногорската Влада.

Вакцините ги прими црногорската министерка за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ на аеродромот.

Тоа е првата испорака од 50.000 дози обезбедени од Владата преку билатерални преговори.

Во следните неколку дена, контингент со донација од 30.000 дози кинеска вакцина Синофарм треба да замине за Подгорица.