Бизнис
7. November 2018 - 19:41

500 компании од Комората на северозападна Македонија бараат одлагање на прогресивниот данок, реформата нема да ја постигне целта

Одлагање на даночната реформа затоа што нема да ја исполни целта. Над 500 компании од с еверозападна Македонија го повторуваат ставот од мај годинава дека не е сега момент за воведување на прогресивен данок.

И експертската јавност посочува дека е важно како ќе се трошат парите кои државата ќе ги собере од оваа реформа. Во спротивно, таа ќе доживее неуспех.

Бизнисмените велат, институциите да направат поширока анализа во стопнаството, наместо да прашуваат дали компаниите се „за“ прогресивен данок.

Со реформата се зголемува данокот за лица кои годишно остваруваат приход над 1 милион и 80 илјади денари. Над оваа сума тие ќе плаќаат дополнителни 8 проценти. Освен прогресивниот данок, реформата на Владата предвидува и зголемување на придонесите за 0,5 отсто.