Македонија
6. December 2015 - 16:50

5 нови возила за собирање кабаст и инертен отпад за Ј.П. ,,Комунална хигиена‘‘

Промовирани нови пет возила со кои ќе се овозможи организирано третирање на кабастиот и инертниот отпад на територијата на град Скопје. Градоначалникот Коце Трајановски потенцираше дека скопјани, во договр со општината  во која што живеат и ЈП „Комунална хигиена“, 4 пати во годината ќе имаат можност бесплатно да се ослободат од ваквиот отпад, се со цел чиста и здрава животна средина. 

Првиот човек на градот информираше и дека во кое било време од годината, граѓаните ќе можат да ги користат овие возила за чистење на овој вид на отпад од пред нивните домови со симболична наплата на услугата, а ќе имаат можност и бесплатно, со сопствен  превоз овој вид на отпад да го однесат во рециклажниот двор во Карпош.

Директорот Ракип Дочи, апелираше до граѓаните да ги користат услугите на ЈП “Комунална хигиена” за ваквиот вид на отпад, бидејќи во спротивно ги уништуваат обичните контејнери и ја влошуваат сликата за хигиената во градот Скопје.

Набавката на 5-те специјализирани возила за собирање на кабастиот отпад, кои се со носивот до 2 кубни метра, чини околу осум милиони денари.