-->
-->
48 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени 38 лица
-->
Во текот на изминатото деноноќие (04/05.06) на територијата на Република Северна Македонија на 166 лице им се издадени решенија за изолација, а 197 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и евидентирани се седум лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. По однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 591 прекршоци. Исто така, по однос на забраната за движење, во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 48 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 38 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар