Македонија
2. October 2021 - 17:22

468 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 4.295 тестирања, а регистрирани се 468 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 227, Куманово – 41, Штип – 26, Велес и Охрид – по 23, Кавадарци – 16, Струмица – 13, Прилеп, Кочани и Крива Паланка – по 11, Битола – 8, Гевгелија, Свети Николе, и Радовиш – по 7, Тетово, Виница и Пробиштип – по 5, Струга – 4, Неготино, Ресен, и Валандово – по 3, Кичево, Кратово и Богданци – по 2, Гостивар, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1 .

Регистрирани сe 284 оздравени пациенти од: Скопје – 149,Куманово – 28,  Кавадарци – 14, Велес – 13, Битола  – 10, Шип – 9, Струмица, Кичево и Гостивар – по 7, Прилеп и Кочани – по 6,Свети Николе и Валандово – по5, Гевгелија, Виница и Кратово – по 3, Делчево и Неготино – по 2, Крива Паланка, Радовиш, Ресен, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 7 лица: 2починати лица од Скопје ( 61г, и 91г), по едно починато лице од Кочани (74г), Виница (69г), Кичево (56г), Прилеп (73г),  и Струмица (69г).​

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица содијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 15.09.2021 до 30.09.2021 година. Починатите лица се 3 лица од Битола и едно лице од Скопје, на возраст од 51 до 80години. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови а едно лице е починато во домашни услови.

Направени се 4.295 тестови преку: ИЈЗ-282, ЦЈЗ Скопје-55, ЦЈЗ Битола-66, ЦЈЗ Прилеп-47, ЦЈЗ Тетово–35, ЦЈЗ Куманово-56, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0,ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–315,Жан Митрев (Филип Втори)-96, Авицена-220, Биотек-332, Систина-85, лабораторија Лаор-235, Синлаб-23, Ремедика-23, Плодност–42, Генеа-12, Никоб лаб-550,ВФВ Медикал-100, Ели Медика-43, Ројал Медика –20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.656. 

Досега во земјата се направени вкупно 1.297.190 тестирањана Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 190.288бројката на оздравени пациенти е 173.332, на починати е 6.694, а бројот на активни случаи изнесува 12.262.