Македонија
29. July 2021 - 17:56

46-годишен ресенец загина во сообраќајна несреќа, со автомобил излетал од патот

Маж загина во сообраќајна несреќа која се случи вчера во 17:05 часот било пријавено дека на регионалниот пат Ресен-село Царев Двор, после клучката за село Горно Дупени.

Како што информира МВР, шатничко возило „опел фронтера“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот Е.С. од Ресен, излетало од коловозот. На местото на незгодата починал возачот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Ресен.