Македонија
11. November 2021 - 13:33

42-годишна докторка од Куманово почина од Ковид-19

42-годишна докторка од Кумановската болница вчера почина од Ковид-19 во Градската болница „ 8 Септември“, пишува „Фокус“.

„Во нашата установа е дојдена со 60 посто сатурација на РТГ АРДС. Анестезиолозите немале видено пообезен пациент болен од ковид некогаш хоспитализиран кај нас. Се лекувала во домашни услови, додека не и паднала сатурацијата. Докторите се пациенти како и сите други, нема зошто третманот да им биде поразличен. Три дена лежеше кај нас, прими и конвалесцентна плазма и ремдисивир, покрај се друго по препораките“ потврдија во изјава од Градската болница.