Свет
3. јуни 2020 - 11:43

41-годишен Црногорец изрешетан во Шпанија

41-годишен Црногорец вчера бил убиен на улица во Шпанија, пренесуваат српските медиуми. Како што се наведува, Милош Перуничиќ бил убиен додека шетал пред голем број сведоци и на сред бел ден, при што му пришол маж облечен во морнарски костум и испукал неколку куршуми во него.

Потоа напаѓачот побегнал со мотор од местото на настанот, пренесува „Вијести“.

Мотивот за убиството засега не е познат, а истражителите веднаш презеле снимки од надѕорните камери и сослушале неколку сведоци.

Убиениот Перуничиќ во себе имал босански документи. Тој одамна не живее во Црна Гора и наводно е близок на криминалниот клан, на избеганиот Алан Кожар.

Други извори тврдат дека Перуничиќ е во роднински врски со осуден криминалец од Бар, па ќе се проверува дали мотивот за ликвидација во Марблеј е можеби одмазда поради непослушност на својот роднина.

Од врвот на црногорската полиција за „Вијести“ неофицијално е кажано дека колегите од Шпанија ги известиле за ликвидацијата на Перуничиќ.