Македонија
17. September 2015 - 17:02

40 милиони евра за реконструкција и изградба на 6 болници, 6 нови мамографи до крајот на годината

Владата ќе инвестира 40 милиони евра за изградба и реконструкција на 6 здравствени установи. За две години околу 200 000 жители од источниот регион ќе добиваат здравствени услуги во комплетно нова болница во Штип. Како што изјави премиерот Никола Груевски, темелно ќе бидат реновирани и битолската, кичевската, прилепската, Свети Еразмо во Охрид и хируршката болница Свети Наум Охридски.

-Имаме многу активности коишто се со вкупен износ од околу 40 милиони евра. Така да овие шест установи во наредните месеци ќе бидат во темелни реконструкции, штипската ќе биде и комплетно нова болница и значително ќе ја подобрат инфраструктурата на болниците во Република Македонија, изјави премиерот Никола Груевски

Градежните работи на новиот објект во Штип треба да стартуваат во октомври. Во истиот период ќе почнат и реконструкциите во охридската болница и Свети наум Охридски во Скопје. Покрај изградба и реновирање, инвестицискиот бум во здравствениот сектор вклучува и набавка на нова медицинска опрема. Министерот Тодоров денеска најави 6 нови дигитални мамографи за 6 здравствени установи.

- Во болниците во Кавадарци и Кочани првпат се воведува ваков тип дијагностика, а во штипската, кумановската и прилепската болница вакви апарати имало претходно, но веќе се стари, дотраени и со почести дефекти. Од тој аспект се одлучивме да набавиме да набавиме мамографи во овие шест ЈЗУ, изјави Никола Тодоров министер за здравство

Во последните неколку години набавена е нова медицинска опрема во здравствениот секотр, за која се инвестирани над 100 милиони евра.