-->
-->
374 санкционирани возачи во Скопје: 92 за пречекорена брзина, 27 мотоциклисти
-->
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.09.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 374 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 24 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 92 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 16, 27 санкционирани мотоциклисти, 107 мерки за непрописно паркирање, а изречени се 16 санкции кон пешаци и 48 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење