Македонија
17. April 2020 - 17:05

36 заразени и три смртни случаи, вкупниот број на болни достигна 1117

Три лица починаа од корона вирусот. Од здравство информираат дека изминатото деноноќие на инфективната клиника починале две жени од Куманово и Крушево, а во денешната статистика е вметнат и заразен маж од Струшко кој починал пред три дена по хируршка интервенција во Филип Втори.

Изминатите 24 часа се регистрирани 36 новозаболени, со што вкупната бројка се искачи на 1117 лица. Најголем број од новозаразените се од Скопје 22ца, 4 лица се од Куманово, по 3ца од Прилеп, Струга и Велес и еден од Битола.  

Од здравство информаираат и за 18 излечени лица.  По два негативни теста, денеска инфективната клиника ја напуштиле 11 пациенти, двајца кои се лекувале во Дебар и 5 лица кои се лекувале во домашни услови.

Од вкупниот број на заразени, 107 лица се хоспитализирани, од кои најголем дел на Инфективната клиника во Скопје. 10 пациенти кои се лекуваат во 8 Септември се со потешка клиничка слика, од кои 7 се причлучени на респираторна машина.

Досега во земјава се направени 10.859 тестирања за Ковид 19.