Македонија
11. July 2020 - 10:10

357 лица казнети за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (10/11.07.2020 година) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 357 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.