Македонија
24. April 2021 - 10:26

35 лица не го почитувале полицискиот час

Министерството за внатрешни работи соопшти дека изминатиот полициски час со почеток од 20.00 часот (23.04.2021) до 05.00 часот (24.04.2021) го прекршиле 35 лица.

Мерката за носење лична заштита на лице не ја почитувале 513 лица на целата територија на Република Македонија.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.