Македонија
13. February 2021 - 11:10

320 санкционирани возачи во Скопје, 20 за возење под дејство на алкохол, 67 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 320 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 26 санкции, 20 за управување под дејство на алкохол, 29 мерки за користење на мобилен телефон. Изречени се осум санкции за минување на затворен семафор (црвено светло), 67 за непочитување на брзина на движење и 75 мерки за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.