Живот
19. October 2015 - 23:56

30 години чувала вазна за цвеќе, а потоа дознала дека воопшто не е вазна

Кетрин Роулинс (45) веќе 30 години има многу необична вазна на масата. Таа ја пронашла кога на свои 15 години си играла во паркот и сакала во неа да става цвеќе. Меѓутоа неодамна дознала дека со години во својата куќа држела експлозивна направа!

vaza-bomba (1)

Кетрин која работи како советник во едно основно училиште, гледала еден документарец за Првата светска војна, каде видела како изгледале бомбите со ки Германците ја гаѓале Велика Британија. И се причинило дека прикажаните гранати се идентични како нејзината вазна па се јавила во полиција.

vaza-bomba (2)

Набрзо доѓла службата за демонтирање на бомби и утврдено е дека граната во себе имала експлозив и можела да експлодира во секој момент. Тие ја демонтирале и го извадиле експлозивот, а „вазната“ и е вратена на Кетрин, која и натаму планира да ја користи.

vaza-bomba (3)

Кетрин била шокирана, зошто со години ја користела за цвеќе и го вадела врвот со кој била затворена. Како што вели во една прилика и играла со неа на песни од Мадона.

vaza-bomba (4)

-Кога им ја опишав на полицајците како изгледа мојата вазна за која се сомневав дека е бомба, дојдоа во рок од еден час. Не можев да верувам кога ми рекоа дека оваа граната можела да експлодира во секој момент, и да ги убие сите што ќе се најдат во радиус од 20 метри од неа. Можеше да ми ја урне куќата. За среќа се добро се заврши, па дури и ја однесов на децата во училиште да ја видат, вели Кетрин.