Македонија
11. May 2020 - 9:27

29 лица не ја почитувале забраната за движење, намален бројот на лица во самоизолација

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (10/11.05.2020 година ) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 29 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 22 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на на 41 лице им се издадени решенија за изолација, а 16 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.