Loading Video...
Свет
31. October 2020 - 18:43

27 лица загинаа а над 800 се повредени во силниот земјотрес кој вчера го погоди јужниот брег на Турција

Најмалку 27 лица загинаа а над 800 се повредени во силниот земјотрес кој вчера го погоди јужниот брег на Турција и грчкиот остров Самос. Спасувачките екипи пробиваат бетонски блокови од урнати згради во потрага по преживеани во турскиот град Измир, каде починати се најмалку 14 лица, а повредени се над 25 лица. И Самос ги пребројува жртвите и штетите од земјотресот. До сега,повредени се 19 лица.

По првиот, земјотрес од речиси седум степени, следеа околу сто помали, од кои 16 беа посилни од четири степени.

Корона вирусот зазема се поголем замав во светот. Најпогодени земји од вториот бран се Полка, Унгарија и Украина. Во Чешка продолжува вонредната состојба до 20 ноември. Во Франција на првиот ден од прогласениот карантин, повторно има околу 50 000 заразени и 500 починати лица. Во Италија има анти-владини протести поради воведуавњето на нови мерки. Грција воведува карантин во одредени региони по примерот на Франција и Германија. Во Хрватска пак регистирани се рекордни 2769 заразени и 15 починати.Нов црн рекорд има и во Албанија, акде регистирани се 319 лица позитивни на вирусот:опозицијата обвинува за недостаток на тестови

Кандидатот на Демократската партија за претседателските избори во САД, Џо Бајден има осум поени предност пред американскиот претседател Доналд Трамп, покажува  последната национална анкета спроведена од „Фокс њуз“.

Според анкетата,  52 проценти од гласачите го поддржуваат Бајден, додека 44 проценти се изјасниле дека ќе гласаат за Трамп.  Два проценти велат дека ќе гласаат за трет кандидат, а други два  отсто се уште не одлучиле. 41 проценти  од поддржувачите на Бајден велат дека ќе гласаат за него само за да не победи Трамп.

Од почетокот на октомври, Бајден според анкетите на Фокс њуз се мала за 2 поени, имаше 10 поени повеќе од Трамп.