Македонија
28. April 2021 - 16:33

25 работници загинале лани на работните места

Македонија како во 1984. Според бројот на починати на работните места лани, земјава се изедначи со рекордот од минатиот век. Според годишниот извештај на Здружението за заштита при работа, во 2020 на работни места загинале 25 работници, главно од земјоделството и градежништвото. Ако на ова се додадат и 30 здравствени работници кои починаа како последица од Ковид, се доаѓа до рекордна бројка. За дестина години во земјава на работните места загинале околу 400 лица, државата со тоа загубила 2, 114 милиони евра само по основ на придонеси. Во вакви услови, државата не презема мерки за подобрување на состојбата.

Извештајот покажува дека сите починати лани се мажи. Најмногу се од Скопје, Куманово и Кавадарци. Најсмртоносни месеци се април и јули. Најчесто гинат работници во најдобрата возраст за работа од 45 до 55 години и тоа најчесто во петок. Казни за работодавачите речиси и да нема.

Во текот на пандемиската година, Ковид беше признат како професионално заболување само за здравствените работници. Сите останати земаа помала плата. ССМ на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа побара сите работници во земјава да земаат цела плата за времето поминато на боледување.