Loading Video...
Свет
21. April 2020 - 14:20

2,5 милиони луѓе во светот заразени од Ковид-19 - починаа над 166 илјади

Американскиот претседател Доналд Трамп привремено ја запира миграцијата. Целта како што вели Трамп е да ги заштити работните места во време кога корона вирусот зададе силен удар врз американската економија. Но не прецизираше ниту кога ќе ја воведе мерката ниту до кога ќе трае.

“Во светлината на нападите на невидливиот непријател и соочен со потребата да ги заштитиме работните места на нашите американски граѓани, јас ќе потпишам претседателска уредба за стопирање на имиграцијата во САД “, напиша Трамп на Твитер.

Но за Демократите ваквиот потег на Трам е обид да го сврти вниманието на јавноста поради  лошото  управување со кризата.

Во меѓувреме продолжуваат протестите во повеќе сојузни држави против рестриктивните мерки. Демонстрантите  реагираат дека не сакаат карантин. Мораат да работат, а не да седат дома. Само  во текот на минатиот месец повеќе од 22 милиони американци останале без работа.

Од коронавирусот во САД досега се заразиле над 700 000, починаа 42.000,а се излечиле над 70 000 луѓе.

Од СЗО реагираат дека најлоштото од пандемијата допрво доаѓа, а ваквата рекација доаѓа во време кога дел од европските земји почнаа да ги ублажуваат мерките.

Освен корона вирусот уште една вест го сврте вниманието на јавноста, а тоа е дека севернокорејскиот лидер  Ким Јонг Ун е во лоша здравствена сосотојба по операција на срце.Дел од Светските медиуми неговата сестра ја посочија како негов наследник. Двете информации засега не се официјално потврдени.