25 годишник од Кисела Вода ја тепал, гризел и давел сопругата пред нивната 2-годишна ќерка
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривични дела – Телесна повреда по член 130 став 2 и Неизвршување на судска одлука по член 377 став 5 од Кривичниот законик.
Осомничениот 25-годишник, на 3 октомври, алкохолизиран дошол пред влез на зграда на улицата „Пушкинова“ во Кисела Вода, и најпрво со висок тон се обратил кон оштетената со која се во бракоразводна постапка. Пред нивната заедничка двегодишна ќерка грубо ја навредувал жената, а потоа и физички ја нападнал, ја влечел за косата, ја изгребал, ја гризнал и ја зграбил за вратот.
На оштетената и нанел видливи повреди и продолжил да и се заканува, одземајќи и го телефонот. Жртвата успеала да се оттргне и да избега од местото, засолнувајќи се во зградата отспротива додека случајна минувачка не повикала полиција.
Исто така, осомничениот, со судска одлука од Основен граѓански суд Скопје, имал изречена привремена мерка за заштита од семејно насилство спрема неговата сопруга – забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство врз оштетената, забрана да ја малтретира, телефонира, вознемирува, контактира или на друг начин директно или индиректно да комуницира со оштетената, забрана да и се приближи на растојание помало од 100 метри од нејзиното живеалиште, работното место или определено место кое го посетува жртвата. Иако и претходно од надлежните институции му било укажано на ваквите забрани, тој не ги почитувал и ги прекршувал, за што оштетената во неколку наврати пријавувала во полиција.
Особено имајќи предвид дека осомничениот во континуитет претходно физички и психички ја малтретирал оштетената, јавниот обвинител оцени дека постојат околности кои го оправдуваат стравот дека тој ќе го повтори кривичното дело или ќе го изврши кривичното дело со кое се заканува. Со такво образложение, обвинителот до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.
Ново на Сител
-
Груби и Беџети на црната листа на САД, судството и политичарите бараат истрага и решавање на случајот
-
Трамп вели дека решавањето на украинската криза е негов главен приоритет
-
На Попова Шапка измерени -4 степени, во Велес 7, најмногу наврнат дожд во Маврови Анови и Претор
-
Седма пленарна конференција на Национална конвенција за ЕУ во Република Северна Македонија
-
Новиот премиер Мохамед ал Башир им вети на Сиријците стабилност и спокојство
-
Русија: Го префрливме Асад на најбезбеден начин
-
Уставен суд ќе ја почнe расправата за Законот за јазиците
-
Намалена видливост поради магла на планиските премини Ѓавато и Страцин