Македонија
10. February 2020 - 20:26

24-годишно момче загина, а четворица повредени во сообраќајна несреќа кај Ногаевци

Едно лице загина, а четворица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи попладнето меѓу патничко моторно возило и товарен воз на обележан премин меѓу железничката станица Згрополци и Градско.

Во несреќата почина 24 годишно момче. Две лица жена и маж со потешки повреди се пренесени на Карил на скопските клиники, потврдија за Сител од клиниката.

Несреќата се случила во 12:00 часот кога возилото марка „форд галакси“ со велешки таблички без да ја почитува сигнализацијата навлегло на пругата.

– На патниот правец обезбеден со звучни и светлосни сигнали кои биле исправни, патничко моторно возило без да ја почитува сигнализацијата, навлегло во профилот на пругата и било удрено од товарен воз на патен правец кај селото Ногаевци, Градско, велат од Македонски железници.

Ова не е прва несреќа на ова место, кое е една од црните точки на жалезничките премини.