238 санкционирани возачи во Скопје, 78 за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (27.08.2022) МВР продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 238 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 78 санкции, 31 мерка за управување под дејство на алкохол, 21 мерка за возење без возачка дозвола, осум санкции за некористење на сигурносен појас.
Изречени се 15 мерки за користење мобилен телефон, 16 мерки за нерегистрирани возила, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за недавање првенство на минување на пешаци, седум санкции за возач почетник...
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-

Фетаи: Криминал, ДКСК и правосудство се најитните проблеми на кои треба да работиме
-

Мицкоски со најава за нови инвестиции
-

Помалку повреди и смртни случаи на работа преку нов проект финансиран од ЕУ
-

Помалку пари за ретки болести предвидени за идната година
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Јас побарав да запрат исплатите за ИПАРД
-

Фетаи: Меџити држеше 2 места во владата
-

Коцевски: Ќе ги засилиме капацитетите за Пулс
