Македонија
21. December 2022 - 16:08

23 годишно момче пронајдено починато во Скопје

На 20.12.2022 во 12.30 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во фирма на бул.„Србија“ бил пронајден починат Д.С.(23) од Скопје.

Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство и за настанот бил известен трудов инспектор.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.