Балкан
8. February 2021 - 10:36

22-годишен студент од БиХ убиен во Лондон

Дваесет и двегодишниот Свен Баџак, студент од БиХ, е убиен во Лондон, пренесуваат британските медиуми.

Младиот човек починал на лице место, а лекарите се борат за животот на неговиот пријател Боби, кој исто така бил нападнат.

Мајката на Свен, Јасна, по потекло од Мостар, за „МајЛондон“ изјавила дека тој е нејзиното единствено дете и дека бил одличен студент кој сакал да стане адвокат.

Пред нападот, според медиумите, младиот човек влегол да купил сок во блиската продавница, а потоа бил нападнат и убиен.

"Му се јавив, но тој не ми одговори. Мислев дека игра фудбал или нешто слично, но тогаш дојде полицијата и ми рече дека Свен е мртов", рече скршената мајка, пренесува "Вечерњи лист".