Македонија
1. July 2021 - 11:31

213 санкционирани возачи на мотоцикли на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (30.06.2021) спроведена е  зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 213 возачи. Од нив, 135 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 42 возеле без возачка дозвола, девет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.