Свет
11. November 2018 - 21:14

200.000 луѓе на улица во Варшава: Политичари и десничари заедно на марш, запалено знамето на ЕУ

На учесниците на маршот по повод независноста на Полска , има се приклучија и ултрадесничарски групи од цела Европа , кои извикуваа националистички и расистички слогани.
 
Членовите на ултрадесничарската ,,Сеполска младина” го запалија знамето на ЕУ. Речиси сите учесници носеа знамиња на Полска , а голем број палеа и факели и фрлаа петарди.
 
 
На чело на маршот беше претседателот Анджеј Дуда и премиерот Матеуш Моравјецки , додека војниците пред нив носеа огромен транспарент со напис ,, За тебе, Полска”.
 
За време на говорот на претседателот Дуда , беа запалени црвените фалеки , така што воопшто не можеше да се види .
 
На сите згради , автомобили , автобуси и насекаде беа закачени знамиња , а голем број од насобраните положија цвеќе на споменикот на маршалот Јозеф Пилсудски , кој бил прв премиер и на денешен ден пред 100 години ја прогласил независноста на Полска.