Македонија
17. March 2023 - 16:23

20 годишно момче кое било уапсено поради марихуана починало во болница во Штип откако му се слошило

Вчера во 15.35 часот во полициска станица Радовиш е пријавено дека во Клиничката болница Штип починал В.А.(20) од Радовиш, на кого му се слошило, откако претходно бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Радовиш по извршен претрес во неговиот дом во Радовиш, со судска наредба, при кој била пронајдена марихуана.

По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.