Македонија
28. March 2021 - 17:55

20 годишник повреден при тепачка во угостителски објект во скопско Кондово

Вчера околу 21.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Ургентен центар при Комплексот клиники ‘Мајка Тереза‘ со телесна повреда бил донесен Х.Е.(20) од с.Кондово, скопско. Според пријавеното, околу 20.30 часот, во угостителски објект во с.Кондово, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу Х.Е. и Г.Р. од с.Кондово, при што Г.Р. со остар предмет го повредил Х.Е., велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот