Македонија
19. April 2021 - 18:03

19 годишна скопјанка нападнала полициски службеник

Вчера околу 15.05 часот во Полициската станица Аеродром биле приведени А.М.(20) и В.А.(19), двајцата од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка на бул.„Јане Сандански“ и притоа немале документи за идентификација, стои во соопштението од МВР.

Потоа В.А. физички нападнала полициски службеник кој вршел службени дејства.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.