Македонија
26. August 2020 - 11:13

19-годишен кочанчанец уапсен поради кражба

Синоќа околу 30 минути после полноќ на ул.„Кеј на револуција“ во Кочани,  полициски службеници од Полициската станица Кочани  го лишиле од слобода Џ.Џ. (19) од Кочани поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“ извршени на подрачјето на Полициската станица Кочани, информираат од МВР.

При преземање на службени дејствија, Џ.Џ. агресивно се однесувал кон полицискиот службеник.

Се работи на комплетирање на случаите по што  против Џ.Џ. ќе бидат поднесени соодветни пријави.