Македонија
5. December 2021 - 16:35

18 ковид позитивни се лекуваат во охридската болница, 11 се на кислородна поддршка

18 пациенти хоспитализирани во Модуларната болница во Охрид од кои 11 се на кислородна подршка. Иако изминативе денови зголемен е бројот на заболени но и на прегледи каде дневно имало околу 45 сепак како што посочуваат од општата болница состојбата во градот е стабилна.

Најмладиот хоспитализиран пациент има околу 40 години додека најстариот 85, 80 посто од оние кои се на болничко лекување се невакцинирани.

Од охридската општа болница не очекуваат новиот бран да предизвика некое преоптоварување додавајќи дека моментално сите оддели работат со нормална патологија. Урологија после застојот од 10 дена работи со полн капацитет но се уште одделот за детски болести функционира со скратено работно време.