Македонија
1. October 2020 - 12:23

17-годишник од Гостивар плаќал со фалсификувани евра

Од слобода е лишен вчера 17 годишник од Гостивар поради соменение дека пуштил во оптек фалсификувана банкнота.

Од СВР Тетово информираат дека синоќа околу 20 часот и 10 минути, на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар лишиле од слобода 17-годишник.

За него постои основани сомнение дека дека пуштил во оптек фалсификувана банкнота од педесет евра. Момчето е задржано во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.