Македонија
19. јуни 2020 - 10:49

16 годишник излетал од коловозот при што се здобил со тешки повреди

На 18.06.2020 во 23,00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, 16 годишник од с.Дебреште, управувајќи патничко моторно возило „Опел Зафира“ без регистарски ознаки излетал надвор од коловозот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.