Македонија
1. August 2021 - 9:50

158 санкционирани возачи во Скопје, 59 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 158 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59 санкции, 22 за возење под дејство на алкохол, 13 за возење без возачка дозвола.

Изречени се девет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 13 за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.