Македонија
24. December 2020 - 12:34

156.000 евра е највисока плата во Македонија, а 11.000 евра највисока пензија

Како што соопшти директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска најбогатиот пензионер живее во Штип со пензија од 11.000 евра, битолчанец остварил најголем прход врз сите основи на годишна даночна пријава, додека скопјанка има најголем приход од игри на среќа во висина од 471.000 евра. Битолчанец е најбогатиот граѓанин кој лани заработил 3,5 милиони евра, додека највисоката плата пак, била исплатена на лице од Струга, од индустријата со метали - кој годишно пријавил бруто доход од 1,9 милиони евра или месечната плата му била 156 илјади евра.