Македонија
21. September 2021 - 8:46

152 сообраќајни прекршока во Скопје, 45 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, 6 за возење под дејство на алкохол, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила.  

Изречени се четири мерки за неносење на сигурносен појас, една за минување на црвено светло, 4 за возач почетник, 15 за прекршоци што ги чинат пешаците, 43 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.