Македонија
11. August 2020 - 13:41

15 од новозаразените на возраст од 20-тина години пријавиле дека биле во Охрид

Од 52 нови заразени со коронавирус во Скопје изминатите два дена, 15 пријавиле дека биле во Охрид, но велат дека не знаат каде се заразиле. Александар Стојанов, в.д. директор на Центар за јавно здравје Скопје, за сдк.мк вели дека тоа се главно млади, на возраст од околу 20-тина години, но меѓу нив има и средношколци.

Стојанов додава дека се со лесна клиничка слика, со ниска температура, главоболки, а некои имаат и пролив.

„Покрај овие од Охрид, кои главно ги пријавија нивните родители, има и спорадични случаи на млади од Скопје, кои во епидемиолошите анкети изјавиле дека биле во Струга, Дојран и Струмица, но не знаат дали се заразиле таму. Засега нема кластери од нив, сите се поединечни случаи или неколку членови на исто семејство“, вели директорот на Центарот за јавно здравје Скопје.