Македонија
18. January 2020 - 16:54

140 мажи се пријавиле да скокаат по светиот крст во Вардар

140 мажи се пријавиле да скокаат по светиот крст во Вардар. Манифестацијата Богојавление Водици почнува со литургија во црквата Пресвета Богородица по што следи литија до мостот Слобода од каде поглаварот на МПЦ-ОА ја осветува водата во Вардар и го спушта крстот. Оној верник кој ќе го извади крстот се смета дека ќе има бериќет целата година. На овој ден се верува дека сите води се свети и лековити па верниците полнат вода за здравје и среќа. Капачите кои се пријавиле е потребно да бидат здрави и физички подготвени. 4 тимови на Црвениот крст ќе се грижат за нивната безбедност. 

Момче кое пет пати по ред го извлекува крстот од Вардар е Даниел Дончевски кој и оваа година ќе учествува. 

Централната манифестација во Скопје ќе почне во 10 часот а ќе заврши во 12 кога крстот ќе биде спуштен во водите на Вардар. Лани најсреќниот капач беше скопјанецот Кристијан Ниневски. Бог се јави. Навистина се јави“ е поздравот со кој верниците утре го  честитаат празникот Богојавление-Водици. На овој ден Синот Божји бил крстен во реката Јордан, а оттогаш крштевањето се слави како духовно раѓање и почеток на човековото живеење на верата.