Македонија
12. April 2020 - 10:42

138 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени 121 лице

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (11/12.04.), по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 138 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 121 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. 

Исто така, според статистичките податоци на 77 лица им се издадени решенија за изолација, а 335 лица потпишале изјави за самоизолација. 

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.