Loading Video...
Кошарка
5. December 2019 - 16:36
13-та победа во низа на Милвоки
Тимот на Милвоки ја продолжи серијата на победи која сега изнесува 13 натпревари во низа.
Предводени од Јанис Антетокумпо и неговиот учинок од 35 поени и 9 скокови „Бакси“ на гостувањето кај Детроит триумфираа со 127-103 со што стигнаа до својата вкупно 19-та победа сезонава во 22 одиграни натпревари.
Идентичен „скор“ имаат и Лејкерси кои исто така на гости славеа триоумф и тоа над Јута со 121-96, меч во кој Ентони Дејвис постигна 26, а Леброн Џејмс средбата ја заврши со дабл-дабл со 20 поени и 12 асистенции.
Победничката низа сега на четири меча во серија ја продолжи и Далас кој со 121-114 ја победи Минесота.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->