Loading Video...
Свет
28. January 2023 - 16:33

13 годишни стои зад денешниот напад во Ерусалим

Расте тензиијата помегу Израелците  и Палестинците. Нов терористички напад во Источен Ерусалим го извршил  13 годишен палестинец.   

Тинејџерот утрово отворил оган и ранил две лица пред да биде затрелан и ранет  од случајни минувачи.  Се работи за татко и син, кои се во тешка но стабилна сосојтба со рани во горниот дел од телото. Пукањето се случило на  влезот на археолошкиот локалитет  Давидовит град.. Напаѓачот користел  полуавтомаски пиштол. Мотивот за денешниот  е ист како и за вчершаниот напад пред  синагогата во населбата Неве Јаков кој го изврши 21 годишен палсетинец. .

Тероризам соопшти портпаролот на израелската полиција.  7 верници беа убиени  а тројца ранети  од огнено  оружје , синока, додека  излегувале од синогогата.

-„Слушнавме пукање, врескање, не разбравме што се случува, мислевме дека е од село овде, секогаш имаат свадби, веселби, во сабите, па си помислив да, нека биде. Но керќа ми рече  , пука блиску, го отворив прозорецот и видов луѓе како трчаат, слушнав пукање и видов истрели.

Израелската полиција  го уапсила напаѓачот  додека се обидувал да побегне од местото на  настанот и  привела 42 лица  во врска со нападот.

„Сакам да ги пофалам полицајците кои дојдоа и дејствуваа брзо, храбро и со извонредна снаодливост. Тие пристигнаа (на местото на настанот) за неколку минути. За жал, дури и минути понекогаш може да доцнат истскна премеирот на Израел.

Нетањаху најави  и дека вечерва ќе се состане неговиот кабинет за да се  разговара околу израелксииот одоговор. 

ОН. ЕУ, САД и Русија остро го осудија масакрот пред синагогата   кој се случи  на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот додека  Палестинските милитантни групи го пофалија нападот, но не кажаа дека еден од нивните членови е одговорен.