Македонија
24. July 2021 - 9:35

109 возачи санкционирани за непрописно престигнување

На 23.07.2021 од 07 до 12 часот полициски службеници спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои непрописно престигнуваат, при што санкционирани се 109 возачи. Од нив најголем број на територија на СВР Тетово-23, по 22 на територија на СВР Охрид и СВР Куманово... Непрописното престигнување е една од најчестите причини за сообраќајни незгоди со тешки последици.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.