Бизнис
1. August 2018 - 19:37

100 компании ќе поделат над 9 милиони евра државна помош

Околу 100 компании ќе добијат државна помош во вкупен износ од 9,2 милиони евра за поврат на дел од инвестициите.

Во рамки на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, компаниите со главна производствена дејност може да добијат поврат на 10% од вложувањата што ги направиле во текот на минатата година.

Основните критериуми што една компанија треба да ги задоволи за да аплицира за овој тип државна помош е да има остварено пораст на приходите во 2017 година во однос на претходните три години и да не го намалиле бројот на вработени.

Во рамки на првите два столба од Планот за економски раст, каде е дефиниран и овој тип финансиска помош, компаниите може да аплицираат веднаш по поднесувањето на годишната сметка, а договорите за поврат на инвестициите се потпишуваат најдоцна до 31 јули.

Повеќе од 600 компании ги исполниле основните услови за да аплицираат за овој вид државна помош, а апликации доставиле 182 компании. Една од 100-те фирми што вчера потпишаа договор за финансиска поддршка за реализираните инвестиции во текот на минатата година, е на кумашинот на вицепремиерот Кочо Анѓушев.