Живот
5. March 2017 - 20:50

10 минути од овој тренинг дневно е се што ви е потребно за нова пролетна фигура

Од сите изговори да не вежбате, недостатокот на време е најпопуларно – а често и единствено кое и е оправдување. За време на еден ден преполн со обврси не е лесно да се пронајде еден час време за вежбање, а да не говориме за дополнителните час време до фитнес клубот и назад.

Но, новиот начин на истражувања покажува дека вам тој час не ви е потребен, туку, за да го одржите своето тело здраво во кондиција, ќе ви бидат доволни само 10 минути вежби на ден. И тоа само ако станува збор за  интервален тренинг со висок интезитет, популарно наречен HIIT (High Intensiti Interval Training).

Така, научниците велат дека вам за ова не ви е ни потребно да идете во теретана или да учите посебни вежби, туку ќе ви помогне само едно добро, старо качување по скали – но само ако водите сметка за одредена работа.

Во склоп на истражувањата научници на група на жени кои водат таканаречен седечки живот, им дале да одработат 10 минутни тренинзи – три пати неделно во текот на шест недели.

Foto-ilustracija: Pixabay

По завршувањето на испитувањата, заклучиле дека жените кои 20 секунди жустро се качувале по скалите, а потоа две минути одморале, и тогаш повторни уште три пати, имале најбрз напредок.

Така да, прво краток период на вежбање на жустро и брзо, а потоа малку одморете.

Добрата вест е дека тој напредок е забележан и ако овој тренинг се изведува десет минути три пати неделно, а не секој ден.

Ова дефинитивно вреди да се проба – кога ќе се враќате накај дома од работа или продавница, а притоа не плаќате членарина во теретана, ниту купувате посебна опрема.