Македонија
6. December 2021 - 10:30

10-годишниот Марко Илиевски е страствен колекционер на над 300 колички и десетици мотори

Повеќе од 300 колички, десетици мотори и тук таму по некој авион повеќе од 5 години, се дел од колекцијата на Марко Илиески. Иако има само десет години Марко вели, страста за собирање колички ја има од кога памети за себе, а добро се сеќава и не моментот кога на подарок ја добил и првата количка.

Марко Илиески или ако веќе милувате - малиот колекционер на колички, со детска искреност - раскажува дека во секоја прилика ја збогатува колекцијата. Сепак вели дека играта со колички е поинтересна во друштво, иако многумина се уште не знаат за неговите колички.

Кога детска соба ќе стане, место за чување на, повеќе од 300 колички и неколку десетици мотори, повеќе од очигледно е дека едно дете со име Марко и презиме Илиевски ја пронашло својата пасија и извор на среќа.
 

 

Димитар Бабалков