Македонија
19. January 2021 - 21:34

Зошто договорот не му е продолжен само на еден македонски историчар од мешовитата комисија со Бугарија?

Во скратен состав ќе се одржи претстојната средба на историската македонско-бугарска комисија.. Онлајн состанокот кој е предвиден за в петок, двете земји ќе ги претставуваат по двајца членови.. Тие според најавите ќе се обидат да изнајдат решение за потпишуваше на записниците од последните три средби кои бугарската страна одбива да ги потпише бидејќи во нив се употребува терминот „македонска комисија“..

Веќе на следниот состанок, македонскиот тим ќе има изменет состав.. Александар Литовски, повеќе не е член на историската комисија.. Во телефонски разговор за Сител вели дека не знае од кои причини владата не го продолжила неговиот договор. Тој не побарал, туку само бил известен.

„Мојот договор истече во декември лани и владата не го продолжи. Од летото имавме договори кои ги потпишувавме одделно и во декември не беше продолжен мојот ангажман. Зошто не знам“, вели Литовски..

Единствено договорот со историчарот Литовски не беше продолжен од страна на владата. Останатите, продолжуваат уште една година, плус новиот член на комисијата.

 Владата е без конкретен одговор за смената во составот на комисијата.. На прашањето зошто само на еден член не е продолжен договорот велат:

„На Александар Литовски му истече договорот на 31.12.2020 и на негово место, на предлог на МНР е предложен и именуван Исамедин Азизи од Институт за духовно културно наследство на Албнаците. Владата на Република Северна Македонија е на став дека историските прашања треба да се остават на експертите и без какви било политички влијанија“, велат од владата..

Но, токму назначувањето на Азизи следи неколку месеци откако Министерот за надворешни Османи изјави дека работи на тоа во комисијата да има и Албанец..

„Тоа е можност да се создаде блискост, но и да се остави наследство дека Албнаците биле важен чинител коога се решавале некои важни прашања“, изјави Османи во октомври лани..

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека зад смената на член во комисијата се крие токму политички притисок..

„Се поголеми се сомнежите дека овој господин и член на комисијата за историските факти која што во моментов преговара на некој начин со комисијата од соседна Бугарија е заради тоа што не бил сервилен и не сакал да ги верифицира оние историски невистини кои ги налагал Зоран Заев“, вели Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

И лидерот на партијата Мицкоски вчера изјави дека се сомнева дека Заев, со менување на  член на комисијата, врши директен притисок како тие во иднина да одлучуваат.

Смената коинцидира во време кога се најавуваат реформи во основното образование, со кои предметот историја ќе се спои со географија во општестгвени науки, на што реагираат од академската заедница.

Студентите по историја за утре најавија нов протестен перформанс пред министерството за образование со кој уште еднаш же предупредат дека не се согласуваат со политиката на министерството.