Балкан
21. March 2018 - 14:46

„Златниот глас“ за демаркацијата се појави во косовскиот Парламент

Продолжението на седницата на косовскиот Парламент посветена на ратификацијата на Договорот за демаркација на косовско-црногорската граница, се уште не закажано, но повеќе од сигурно е дека владејачкото мнозинство го обезбеди потребниот број гласови за усвојување на документот.

„Златнот глас“, како што го нарекуваат пратеникот Адем Хоџа,од Еднствената горанска партија, кој е дел од парламентарната група на Српската лста, пристигна во Собранието, со што се обезбедени потребнте 80 гласо0и.

- Токму доаѓањето на Хоџа го „активира“ солзавецот, што пратениците на Самоопределување го фрлија десеттина минути по неговото пристигнување во салата, тврди порталот „Зери“.

Во меѓувреме, пратениците од Самопределување го блокираа влезот во Парламентот, а дојде и до кошкање со обезбедувањето.

Претсдателството на Парламентот се договара за термин за продолжување на седницата, иако е повеќе од јасно дека нема атмосфера за одржување на седницата. Според последните информации, гласањето по Договорот ќе биде јавно.

Седницата претходно беше прекината откако пратениците на Самопоределување, Џелал Сечија и Фиторе Пацоли фрлија солзваец во собранската сала. 

Косово Собрание солзавец

Косовскиот министер за инфраструктура Пал Лекај од Алијансата за иднината на Косово (ААК) изјави дека солзавецот што беше фрлен денеска во салата бил „многу појак од оној кој го фрлил тој кога беше во опозиција“.

Остро на денеска фрлениот солзавец реагираше евроамбасадорката Наталија Апостолова, велејќи дека е вчудовидена од „опасните тактики“ на Самоопределување.

- Вознемрена сум од солзавецот во Парламентот! Шокирана сум што пратеници од еден Парламент во Европа применуваат опасни тактики кои Косово го враќаат назад, нагласи Апостолова.

Пратениците на Самоопределување и во претходниот парламентарен состав фрлаа солзавец со што ја оневозможија ратификацијата на Договорот за границата. Тогаш на нивна страна беше и ААК на актуелниот премиер Рамуш Хараднај, чии пратенци жестоко се спротвставуваа на Договорт потпшан во Виена во август 2015 година.